Инвеститорите на Љубљанската берза загубиле 13 милијарди евра во последните три години
Според Словенечки дневник во просек 75% паднала секоја акција со која се тргувало на ЛЈСЕ(Љубљанската берза), а загубата се проценува на 13 милијарди евра.
Вкупната вредност на сите компании на Љубљанската берза изнесува 5,4 милијарди евра што е за само една милијарда повеќе од вредноста на КРКА во најголемата берзанска еуфорија од пред неколку години.
Падот на вредноста на акциите е пропратен со се помала ликвидност што психолошки влијае и на граѓаните и нивната потрошувачка етика што е основа на капиталистичкиот систем кој почива на што пократкото задржување на парите под перница.