Објавено 19 септември 2011, 12:10, во Регион
Share |
Print page

Грција вети примарен буџетски суфицит во 2012 година

Грчкиот министер за финансии Евангелос Венизелос изрази уверување дека ќе се придржува кон планот во 2012 година неговата земја да оствари повеќе приходи, отколку трошоци, пред да ја исплати каматата за долговите. Венизелос постави за цел да се постигне примарен буџетски суфицит во 2012 година и покрај тековната рецесија во земјата, погодена од финансиска криза.

Се очекува економијата на Грција оваа година да се намали за 5,5 проценти.Министерот за финансии истакна дека остварувањето на целите за 2012 година е од витално значење, со цел Грција да може да ги избегне „уцените и понижувањето“ на меѓународен план. Грција прави напори да ги оствари целите за намалување на трошоците, со цел да продолжи исплатата на финансиската помош за спас на државата од европските земји и Меѓунардониот монетарен фонд (ММФ). аа/с

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија