Објавено 12 септември 2011, 16:05, во Регион
Share |
Print page

Романските менаџери во државните компании во иднина ќе можат да добиваат годишна плата од пет милиони евра

Предлог закон, иницииран од 16 романски сенатори, предвидува баснословни плати за идните менаџери на државни компании, пишува денеска романскиот весник „Адеверул“. Менаџерот на „Ромгас“, на пример, може да добива плата и бонуси во износ од пет милиони евра годишно, многу повеќе отколку генералниот директор на „Ексон мобил“, најголемата компанија во светот, посочува весникот.

Во последно време идејата за назначување на приватно раководство на државните компании се повеќе добива поддржувачи, откако Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка покажаа дека тоа е единствениот начин за зголемување на ефикасноста на државните претпријатија. Тие се важна компонента од економијата на земјата, бидејќи од една страна станува збор за исклучително вредни компании, со огромен потенцијал да го повлечат нагоре бруто домашниот производ на земјата, забележува весникот.

„Ромгаз“, на пример, е на трето место на рејтинг листата на најдобростоечките романски компании со нето добивка од 162 милиони евра за минатата година, а „Трансгас“ е на петото место. Од друга страна, меѓутоа, државните компании се и најнеефикасните, со огромни загуби и долгови, а тука, пред се, се мисли на Националната компанија за црн камен јаглен, филијалите на желечничката компанија „ЧеФеРе“ за товарен и за патнички транспорт.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија