Германија губи надеж за спас на Грција!
Германското Министерство за финансии, според информации на неделникот „Шпигел“, подготвува сценарија за случај на државен банкрот на Грција.Според „добро информираните кругови“ на кои се повикува германски неделник „Шпигел“, соработници на Министерството за финансии во Берлин подготвуваат повеќе опции доколку Грција сепак биде принудена да прогласи банкрот.
Во Министерството не се исклучува ни можноста Грција комплетно да ја напушти еврозоната и да ја воведе повторно драхмата.Поранешниот министер за финансии Пеер Штајнбрик, напротив, смета дека Германија мора да гарантира за долговите на другите земји членки на ЕУ. Тој смета дека Германија нема друга алтернатива, освен да плаќа и натаму.
Притоа, тие пари не се промашена, туку добра инвестиција, нагласува Штајнбрик, бидејќи тие се вложени во иднината на Европа. На германските граѓани треба да им објасниме колку профитираат од интеграцијата на Европа, порачува поранешниот министер за финансии во интервју за неделникот „Шпигел“.