Објавено 06 септември 2011, 14:00, во Регион
Share |
Print page

Во Словенија бројот на фирми во стечај се зголеми за 52%

Во првите шест месеци од 2011 година, во Словенија се покренати 353 стечајни постапки против голем број фирми, што во однос на истиот период минатата година претставува пораст за 52%. Според податоците од трговскиот регистар, минатата година формирани се нешто повеќе од 5.000 нови компании, односно 10% помалку од претходната година.

Минатата година, годишната стапка за фирми кои престанаа да работат се зголеми за дури 55%. Во 2010 година покренати се 437 стечајни постапки или 61% повеќе во однос на претходната година, а бројот на принудни спогодби се зголеми исто така за 169%. Минатата година компаниите во Словенија постигнаа најлоши деловни резултати во последните пет години.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија