Објавено 29 август 2011, 16:19, во Регион
Share |
Print page

Давутоглу во повеќедневна посета на БиХ

Турскиот минисетр за надворешни работи Ахмет Давутоглу попладнево пристигна во Мостар, со што ја почна повеќедневната посета на Босна и Херцеговина.Шефот на турската дипломатија беше пречекан од градоначалникот на Мостар, Љубо Бешлиќ.

Предвидено е Давутоглу во Сараево да се сретне со членовите на Претседателството на БиХ, со високиот претставник Валентин Инцко и со лидерите на главните бошњачки политички партии.На Универзитетот во Тузла на Давутоглу ќе му биде доделено звањето „почесен доктор на науки“, а ќе одржи и предавање на Американскиот универзитет во Сараево.

Давутоглу во БиХ ќе го прослави завршувањето на месецот Рамазан заедни со реис улема Мустафа Цериќ и со членот на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ. ми/20:32

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија