Објавено 26 август 2011, 12:15, во Регион
Share |
Print page

Српската влада го призна либискиот Преоден национален совет

Владата во Белград го прифати заклучокот за потребата Преодниот национален совет да биде признаен за легитимен претставник на либискиот народ, објави денеска белградскиот весник „Вечерње новости“.

Весникот под наслов „Српската влада ги призна бунтовниците во Либија“ наведува дека претходно постоеле шпекулации дека Гадафи би можел да побара азил во Хрватска или Србија.

Знамето на либиските бунтовници во вторникот беше издигнато на амбасадата во Либија во Белград. Досега над 40 земји во светот го признаа Преодниот национален совет на Либија.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија