Меркатор со чиста добивка од 18,5 милиони евра
Словенечкиот трговски ланец во првата половина на 2011 година оствари приходи од 1,42 милијарди евра, односно 48,1% повеќе од планираните приходи и за 6,1% повеќе отколку претходната година истиот период, стои во соопштението на групацијата Меркатор.
Чистата добивка на Меркатор во првата половина на годинава изнесува 18,52 милиони евра што е за 4,9% повеќе од истото време ланската година, пренесуваат словенечките медиуми. Најголемиот словенечки ланец Меркатор сеуште се соочува со последиците од големата економска криза, намалената потрошувачка и промените на структурата, стои во податоците од Надзорниот одбор на Меркатор.
Групацијата Меркатор во првите шест месеци инвестира 67,78 милиони евра пред се во развој на малопродажната мрежа. Од компанијата најавуваат дека следните зацртани цели се стратегиите за развој на дополнителни трговски услуги за потрошувачите, а додека поврзувањето со фирмата Ен Плус ќе се прошири понудата за нафтени деривати со мрежата на самоуслужните бензиски сервиси. При крајот на месец јуни, Меркатор вработи 23.620 луѓе, од кои 12.000 од нив беа словенци.