Либиски демонстранти ги опустошија амбасадите на Либија во Атина и Сараево
Полицијата ја опколи амбасадата на Либија во Сараево, откако десетина Либијци упаднаа во зградата. Либијците влегле во амбасадата и ги фрлиле сликите на либискиот лидер Моамер Гадафи по што поставиле знаме на либиските бунтовници.
Поранешната службеничка во либиската амбасад Амира Берма изјави дека амбасадорор на Либија во Сараево Салем А. А. Финир бил цврст следбеник на Гадафи. Околу дваесет либиски демонстранти ја опустошија и амбасадата на Либија во Атина.Демонстрантите го симнале знамето од зградата и расфрлале документи во дворот. Персоналот на амбасадата сами ги отворил вратите на зградата.
Полицијата изјави дека вработените во амбасадата не побарале помош од нив.