Меркел во посета на Хрватска и Србија
Германскиот канцелар Ангела Меркел денеска ја почнува дводневната посета на Хрватска и Србија, за време на која со претставниците на властите на двете земји ќе разговара за европските перспективи на Загреб и Белград. Ова е прва посета на германскиот канцелар на Загреб и на Белград од 2003 година досега.
Во момент кога економските и финансиските тешкотии можат да го попречат проширувањето на Европската унија, посетата на Меркел на регионот се гледа како важен знак за значењето, кое една од главните сили во ЕУ и во еврозоната му го придава на Балканот.
Меркел в Загреб денеска ќе разговара со хравтскиот претседател Иво Јосипивиќ и со премиерот Јадранка Косор.
Според хрватскиот весник „Јутарњи лист“ Меркел ќе побара од хрватските политички лидери да продолжат со реформите и со борбата против корупцијата, со што ќе ги избегнат механизмите на мониторинг, кои е можно да ги воведе Брисел. Хрватска се надева дека кон ЕУ ќе се приклучи летото во 2013 година.
Косово ќе биде главна тема на разговорите на Меркел со српските лидери утре во Белград.
Се очекува германскиот канцелар да повика за обновување на дијалогот меѓу Србија и Косово.Белград планира пред Меркел да го постави прашањето за добивање на статус на кандидат за членство до крајот на годината и датум за почнување преговори за влез, изјави српскиот заменик-премиер Божидар Ѓелиќ.