Просечната плата во Словенија изнесува 1.000 евра

Просечната плата во Словенија во месец јуни оваа година изнесувала 986 евра, што е за 0,3% повеќе отколку во месец мај и за 2,1% повеќе отколку во јуни минатата година.Според податоците од словенечкиот Завод за статистика, посечната бруто плата во јуни оваа година изнесувала 1.529,92 евра, што е за 0,3% повеќе од мај оваа година и 2% повеќе отколку во јуни минатата година.
Во првите шест месеци просечната плата во споредба со првото полугодие на минатата година изнесувала нето износ повеќе за 2,8%, а бруто износ за 2,6%. Просечната месечна бруто плата се споредува со платата од месец мај и зголемените активности, а најмногу во секторот за снабдување со електрична енергија, гас и пареа, каде се заработува за 8,5% повеќе.
Вработените во градежништвото заработуваат 3,4% повеќе, а во сообраќајот платите се зголемиле за 2,9%. Намалувањето на просечната бруто плата се забележува најмногу во секторот за финансии и осигурување, каде платите се намалиле за 4,7%. Во здравството и социјалното осигурување платите се намалиле за 1,1%, а во другите активности за 0,5%.