Романија ја зајкнува соработката со Кина

Премиерите на Романија и на Кина - Емил Бок и Вен Џијабао го поддржаа зајакнувањето на контактите меѓу двете земји за постигнување прагматични резултати.Романскиот премиер е во работна посета на Кина од 10 до 16 август, придружуван од неколку министри.
По средбата со Вен Џијабао, Бок изјави дека Романија сака да ги засили економски традиционално добрите политички односи со Кина.Бок истакна дека Кина наложила на ресорните министри да работат на примена на пет големи проекти, предложени од Романија во сферите на енергетиката, транспортот и земјоделието.