Објавено 15 август 2011, 14:05, во Регион
Share |
Print page

Економската криза во БиХ без работа остави 230.000 лица

Економската криза во БиХ без работа остави 230.000 лица Според податоци на Агенцијата за труд и вработување на Босна и Херцеговина, во изминатите 2,5 години, откако трае економската криза, без работа во земјата останаа 230.000 лица, пишува денеска весникот „Дневни аваз“.

Тоа значи дека дневно биле отпуштани од работа по 251 лице, а секој час по 10 работници останувале на улица со својата работничка книшка во рака, посочува „Дневни аваз“. Весникот забележува дека во „нормалните“ земји во Европа и светот тоа на улица би извадило илјадници незадоволни луѓе, но во Босна тоа не се случува.

Според анализите на експертите, најмногу е намален бројот на вработени во градежништвото, земјоделието, рударството и преработувачката индустрија. Додека во 2009 година бројот на лицата останати без работа изнесуваше 94.708, во 2010 година бројката се скрати на 89.324 работници, а само во првите шест месеци од годинава без плата останаа уште 45.119 жители на Босна и Херцеговина, пишува сараевскиот весник.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија