Меркатор ќе продава и бензин

Словенечки “Меркатор“ стана 100% сопственик на компанијата “Ен Плус“ која поседува ланец од таканаречени 24/7 самоуслужни бензиски станици, изградени на 18 локации во Словенија.
Како што наведува весникот, оваа зделка на “Меркатор“ ќе му овозможи да ги прошири своите трговски дејности, овојпат со продажба на нафтени деривати.
Според некои медиуми кои го коментираат новото преземање од страна на балканскиот гигант, бензинските пумпи веројатно ќе бидат поставени на паркиралиштата во склоп на трговските центри на “Меркатор“ и тоа не само во Словенија, туку и во Хрватска и Србија.