Објавено 09 август 2011, 15:07, во Регион
Share |
Print page

Во Албанија минатата година влегле 1,1 милијарда долари странски инвестиции

Во Албанија минатата година влегле 1,1 милијарда долари странски инвестицииВо Албанија минатата година е забележан рекорден влез на директни странски инвестиции, во износ од 1,1 милијарда американски долари.Ова ниво на странски инвестиции претставува 36,7 % од Бруто домашниот производ.

Во 1995 година тие изнесувале 8,5 %, во 2008 година 21,6 %, додека во 2009 година 29,1 % од БДП. Позитивниот тред на странски инвестиции забележан лани се чини нема да продолжи и годинава. Во првото тромесечие од годинава растот на странските инвестиции во Албанија расте, но во истовреме видно пораснал одливот на капитал надвор од земјата.

Тоа условува видно намалување на нето директните странски инвестиции. Премиерот Сали Бериша изјави дека во последните четири години Албанија забележала четири милијарди долари директни странски инвестиции.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија