Објавено 09 август 2011, 14:18, во Регион
Share |
Print page

Грчките акции паднаа на најниско ниво во последните 14 години

Грчките акции паднаа на најниско ниво во последните 14 годиниАкциите на Атинската берза паднаа вчера на најниското ниво во последните 14 години, додека главниот индекс на берзата се спушти под психолошката граница од 1.000 поени, откако финансиските пазари и натаму се шокирани од намалување на рејтингот на САД поради долгот.

Индексот на грчката берза се намали за 6%, на 998,24 поени, што е негово најниско ниво од јануари 1997 година. Таквиот пад значително е поголем отколку на другите финансиски пазари во Европа.Презадолжената Грција стана прва земја на ЕУ која побара меѓународна финансиска помош минатата година, за да потоа и се придружат Португалија и Ирска.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија