Црна Гора од туризaм очекува 655 милиони евра

Црногорскиот министер за туризам Предраг Секулиќ очекува овогодишниот приход од туризмот да изнесува околу 655 милиони евра, односно 5% повеќе од минатата година.Секулиќ рече дека во Црна Гора се уште има најмногу туристи од регионот, од кои околу 30 % се од Србија.
Според него, Црна Гора од година во година бележи пораст на бројот на туристи од стратешки важните пазари, а тоа се земјите од Европската унија кои во минатогодишната структура учествувале со 25 %.
Оваа година се очекува зголемување на туристичкиот промет, односно пораст на бројот на ноќевања за околу 3% и приходи од туризмот од околу 655 милиони евра, што е 5% повеќе од минатата година, наведе Секулиќ.