Нектар на Словенија ќе и донесе српски инвестиции?!

Голема е веројатноста по купувањето на словенечки Фруктал од срспки Нектар, Словенија да се соочи со наплив на инвестиции од Србија, смета директорот на Нектар, Бојан Радун.
“Верувам дека нашата трансакција ќе овозможи и полесен пристап за останатите инвеститори од Србија, кои имаат намера да работат во Словенија. За нас е позитивно тоа што Нектар купи компанија од Европската унија. Тоа е пазар од 27 земји и 450 милиони потрошувачи“, вели тој.
Нектар за 97,73% од акциите на словенечки Фруктал Фруктал плати 50 милиони евра за и со тоа стекна доминантна сопственост врз словенечката компанија. Ова е веста која ги изненади сите љубители на нивните сокови, а за индустријците беше уште еден доказ за новата ера на спојувања и преземања на Балканот која започна во 2011 година.
Според неофицијални информации во трката за акциите на Фруктал, Нектар ги победил лондонскиот инвестициски фонд Аргус, австрискиот производител на сокови Шпиц и хрватското претпријатие Станиќ.