Во Хрватска расте поддршката за влез во ЕУ

Поддршката на граѓаните на Хрватска за влеза на земјата во Европската унија се зголемува. Резултатите од истражувањето на агенцијата Ипсос Плус, спроведено во јули за потребите на Министерството за надворешни работи и европски интеграции покажуваат дека за приклучувањето кон Унијата на референдум би гласале 52% од Хрватите, 38% би биле против, а 10% се уште не се одлучиле.
Истражувањето, кое беше спроведено на примерок од 943 полнолетни граѓани, покажува дека на референдумот би изглегле 82% од граѓаните, а 15% не покажале интерес за референдумот.
Најголема поддршка за влез во Унијата дале жителите на северна Хрватска, Загреб и околината, како и Далмација, Истра и Приморје. Најмала поддршка е регистирана во Лика, Банија и Славонија.