Мудис го намали кредитниот рејтинг на Грција

Меѓународната рејтинг агенција Мудис ја намали оценката за долгорочниот долг на Грција и сега ја дели само еден степен од прогласување банкрот.Мудис смета дека земјата нема да може целосно да ги исполни обврските кон приватните кредитори.
“Веста дека еврозоната одобри втор спасувачки пакет за Атина и размената на стари грчки обврзници со нови, која ја спроведува, покажува дека приватните кредитори ќе се соочат со загуби“, објаснува агенцијата.
Оценката за долгорочниот долг на Грција е намалена на Са, наспроти претходната Саа1.