Објавено 21 јули 2011, 12:25, во Регион
Share |
Print page

150 евра минимална плата во Албанија

150 евра минимална плата во АлбанијаАлбанската влада донесе одлука за зголемување на износот на минималната плата во земјата за 5,2% со што таа достигна 20.000 леки (околу 150 евра). Одлуката мора да ја почитува секое физичко и правно лице, без разлика дали станува збор за домашен или странски работодавец.

Претходно, предлогот за висината на минималната плата беше усвоен на средба на Националниот совет за труд, во кој членуваат и претставници на бизнисот, кои многу не се потивеле на зголемување на минималната плата.

Затоа пак, претставниците на бизнисот на седницата на Советот од владата побарале да ја разгледа можноста за целосно укинување на царинските давачки и за производителите на обувки, идентично како што претходно тоа го предложи за производителите на конфекција.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија