Србија со раст на извозот на текстил од 27,4%

Текстилната индустрија во првите пет месеци од 2011 година извезла стока вредна 247 милиони долари, што е за 27,4% повеќе во однос на истиот период лани, потврди секретарката на Здружението на индустриите за текстил, облека, кожа и обувки при Стопанската комора на Србија, Весна Василевиќ.
Таа нагласи дека тоа се должи на фактот дека српските текстилни компании и дизајнери се познати на европските пазари, особено во Германија и Италија. Како нов тренд го посочи зголемениот интерес за српскиот текстил од скандинавските држави. Според неа, оваа гранка во Србија има голем потенцијал, но се соочува со недостаток на инвестиции и ефективни решенија на неколку спорни прашања кои го кочат напредокот на индустријата.
Василевиќ истакна дека српската текстилна индустрија на потенцијалните партнери и инвеститори им нуди изработка на готови аутпути поради големите капацитети за производство на тешка, лесна, машка, женска, детска конфекција, спортска облека но и технички текстил. “Освен тоа, Србија нуди и многу поволни услови за инвестирање во текстилната индустрија“, истакна Василевиќ.