Еврокомисијата ќе и додели 257 милиони евра на Албанија

Европската комисија ќе и додели на Албанија фонд од 257 милиони евра за реформите во судството и во јавната амдинсирација, за продлабочување на регионалната соработка, како и за борба против организираниот криминал и корупцијата.
Oваа сума е дел од средствата во износ од 5,5 милијарди евра, кои Еврокомисијата ги издвои како финансиска подршка за земјите од Западен Балкан, Турција и Исланд.За Турција се предвидени 2,5 милијарди евра, за Србија 587 милиони, за Македонија 304 милиони и за Косово 203 милиои евра. Најмал фонд е наменте за Исланд од само 2,8 милиони евра.