Објавено 14 јули 2011, 13:08, во Регион
Share |
Print page

ММФ: На Грција и е потребна нова помош од 71 милијарда евра

ММФ: На Грција и е потребна нова помош од 71 милијарда евраЗа да се извлече од должничката криза на Грција и е потребна дополнителна помош од Европската унија во вредност од 71 милијарда евра и уште 33 милијарди евра од приватните кредитори, соопшти Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Во извештајот за заемот, кој ММФ и го одобри на Грција, се наведува дека оваа институција планира да продолжи да ја финансира оваа земја, за која прогнозира подлабока рецесија оваа година за разлика од претходните прогнози.ММФ очекува дека Грција оваа година ќе забележи негативен стопански раст од минус 3,9 %, наместо претходно дадената прогноза од мунис 3%, додека јавниот долг би требало да достигне нов рекорд следната година од 172 % од Бруто домашниот производ.

Фондот додаде дека Грција треба да ја забрза примената на фискалните и структурните реформи со цел да го избегне банкротот и ги повика членките на еврозоната да одлучат, на кој начин ќе му помогнат на својот презадолжен партнер.ММФ, кој пред една година заедно со ЕУ и одобри на Грција финансиска помош од 110 милијарди евра, наведе дека Атина усвоила мерки за излез од кризата и оти сега нивната примена е од клучно значење.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија