Неопходно е Грција да пронајде трајно решение на проблемот со нејзиниот долг

Неопходно е Грција до 14 септември Грција да пронајде глобално и трајно решение на проблемот со нејзиниот долг, изјави претставник на грчката Влада.
"Министрите за финансии од еврозоната се наоѓаат сега пред седум или осум можни решенија за да го отпуштат вториот пакет од помошта за Грција", истакна истиот извор денеска, кога во Брисел втор ден се одржува состанокот на министрите за финансии од Европската унија.
Холандскиот министер за финансии Јан Кејс де Јахер во врска со ова прашање ја наведе хипотезата за делумната платежна неспособност на Грција во рамки на вториот план за помош на земјата, кој европратениците се обидуваат да го подготват.
"Повеќе не е исклучена варијантата за работна група со задача да пронајде решение за да ја спаси Грција од банкрот, како и вклучувањето во акцијата и на приватните кредитори на земјата", рече холандскиот министер за финансии.