Објавено 11 јули 2011, 14:27, во Регион
Share |
Print page

Албанија со раст на туризмот од скоро 40%

Албанија со раст на туризмот од скоро 40%Во првите шест месеци од годинава Албанија ја посетиле 1,2 милиони туристи, што претставува раст од 39,2%, споредено со првите два квартали од минатата година. Од нив, 764.593 се странци, а останатиот број отпаѓа на домашни туристи, односно на албанските емигранти. Околу 54% од странските туристи престојувале со ноќевање, 36% биле на еднодневен престој, додека 10%о албанската територија ја користеле како транзит.

И натаму, најбројни се туристите од Косово или 34%, а потоа од Македонија 16%, од Црна Гора 10%, од Италија 6% и од Германија 3%. Странските туристи најчесто за влез во Албанија го корителе преминот Морина, на албанско-косовската граница кај Кукс (над 30%), потоа Муриќан на границата со Црна Гора кај Сукобин и Ќафасан на границата со Македонија кај Струга.

Според албанското Министерство за туризам, млади и спорт во првото тримесечие од туризмот Албанија остварила приходи во износ од 174,8 милиони евра или за 8,5% повеќе од истиот квартал, минатата година.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија