Албанија ќе гради 443 хидроцентрали

Албанската Влада има намера големиот воден потенцијал да го преточи во големи енергетски вредности за Албанија и Албанците, најави албанскиот премиер Сали Бериша при промоцијата на првата фаза од обемниот енергетски проект за изградба на хидроцентралата Аште кај Бушат на северот од земјата.
“Ќе изградиме уште 443 хидроцентрали низ целата територија на земјата, која ќе ја претвориме во регионална енегетска суперсила. Во развојот на една земја, енергијата е темел за сите темели и претставува движечка сила во сите области“, изјави Бериша.Досега албанската Влада има издадено дозволи за изградба на 220 хидроцентрали, од кои на 36 се работи интензивно.
Реализиацијата на проектот Аште уште пред една година ја почна австирската компанија Вербунд во соработка со корпорацијата ЕВН. Станува збор за инвестиција вредна 200 милиони евра, со која се предвидува изградбна на две хидроцентрали, Аште 1 и Аште 2, при што ќе се користи најсовремена технологија во овој сектор. Нивната изградба се планира да заврши во 2012 година, по што од овие хидроцентрали со струја ќе се снабдуваат над 100.000 домаќинства.