Во Албанија попис на населението во октомври

Пратениците во албанскиот Парламент вчера доцна попладне го изгласаа Законот за попис на населенито и домаќинствата, кој ќе се спроведе во октовмри.
По подолгата дебата, Законот беше изгласан со 71 глас “за“, двајца воздржани и без присуство на опозициските социјалисти, кои ја бојкотираат работата поради случувањата со изборите на градоначалник на Тирана. Министерот за иновации и технологии и претседател на Државната пописна комисија, Гец Поло пред пратениците изјави дека законот ги исполнува сите европски стандради и оти очекува да се спроведе попис по европски терк.
“Граѓаните на Албанија ќе може слободно да ја искажат нивната етничка и верска припадност и мајчиниот јазик. Но на овие чувствителни прашање не се принудени да одговорат“, објасни Поло.