Албанија и враќа 8,5 милиони долари на Србија

Собранието на Србија го ратификуваше договорот помеѓу Албанија и Србија за регулирање на долгот на Албанија во износ од 8,5 милиони долари.
Долгот настана за време на некогашна СФРЈ, врз основа на трговскиот промет на Албанија и тогашна Југославија.Со договорот е предвидено на утврдениот долг, кој на 30. септември 2009 година изнесуваше нешто повеќе од 8,5 милиони долари, заедно со редовната камата според шест месечната либор стапка на ден 31. март и 30. септември секоја година, почнувајќи од 1. октомври 2009.
Албанија има рок од пет години да и го врати долгот на Србија, без периодот за чекање, а датумите за плаќање се 31. март и 30. септември секоја календарска година, со тоа што првиот датум на плаќање е оној кој настапува прв, после стапувањето на сила на билатералниот договор за регулирање на долгот.