Објавено 06 јули 2011, 14:33, во Регион
Share |
Print page

Словенија доби 7,46 милиони евра финансиска помош од ЕУ

Словенија доби 7,46 милиони евра финансиска помош од ЕУЕвропскиот парламент одобри финансиска помош од 7,46 милиони евра на Словенија од фондот за солидарност на ЕУ за обновување на штетите предизвикани од поплавите во земјата во септември 2010 година кои надминуваат 251 милион евра.

Словенечката Влада побара финансиска помош во ноември 2010 година, бидејќи вкупниот износ на штетите надмина 0,6 проценти од бруто домашниот производ на земјата или 217,67 милиони евра.

Европската унија одобри заедничка финансиска помош во висина од 19,5 милиони евра за Словенија, Хрватска и Чешка, кои беа сериозно погодени од поплавите минатата есен.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија