Објавено 05 јули 2011, 08:53, во Регион
Share |
Print page

Ештон: Европско решение за српско- косовски проблем

Ештон: Европско решение за српско- косовски проблемВискиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон ги поздрави Приштина и Белград заради постигнувањето први конкретни резултати во рамки на дијалогот и истакна дека со таков пристап “ниту една страна не губи туку двете добиваат“.

Договорите постигнати во саботата се европско решение за некои многу тешки, но важни прашања, рече Ештон по средбата со косовскиот премиер Хашим Тачи. Таа ги пофали Белград и Приштина за “лидерство, храброст и напорна работа“ кои се покажани во досегашниот тек на дијалогот кој е под покровителство на ЕУ и почна на 8 март.

“Постигнатите договори се добри за двете страни. Не бараат од ниту една страна да се откаже од нешто, но двете страни добиваат многу. Цел на дијалогот е двете страни да се приближат до ЕУ, да се подобри координацијата и што е најважно, да се подобри животот на обичните луѓе“, рече Ештон. Таа изрази очекувања дека договорените работи ќе бидат спроведени во дело во најкус можен рок.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија