Словенија со построги сообраќајни правила

Доколку возите со брзина од над 30 километри на час од дозволената, во Словенија ќе платите парична казна од 1.200 евра или ќе добиете 18 казнени поени. Истото важи и во случај да бидете сопрени во алкохолизирана состојба со над 0,52 промили алкохол во крвта. Ова се новите, построги казни кои во Словенија стапија на сила со новиот закон за сообраќај на 1 јули 2011 година.
Посебно ригорозна ќе биде словенечката полиција доколку возите со недозволена брзина во руралните и населените места, каде е дозволена максимална брзина од 50 километри на час. Според словенечките медиуми, при рутинска контрола, полицијата посебно внимание ќе посветува на исправноста на автомобилот.
Интересно е тоа што со новиот закон се предвидени посебни програми за рехабилитација за возачите кои возеле под дејство на алкохол.