Објавено 30 јуни 2011, 08:36, во Регион
Share |
Print page

Хрватска денеска официјално ги завршува преговорите за членство во ЕУ

Хрватска денеска официјално ги завршува преговорите за членство во ЕУХрватска денеска попладне ќе ги затвори последните четири поглавја и на тој начин официјално ќе ги заврши преговорите за членство во ЕУ, објави хрватската телевизија.Тоа ќе се случи на меѓувладина конференција за присоединување, која ќе се одржи на ниво на министри, неколку часа пред крајот на унгарското претседавање со ЕУ.

Хрватската делегација ќе биде предводена од вицепремиерот и министер за надворешни работи и евроинтеграции Гордан Јандроковиќ, а делегацијата на ЕУ од шефот на унгарската дипломатија Јанош Мартони.На средбата во Брисел минатата недела државните и владини лидери од ЕУ повикаа за завршување на преговорите до крајот на овој месец за членство на Хрватска во Унијата и побараа Европскиот совет да ги преземе сите потребни решенија за затворање на останатите поглавја до крајот на јуни и за потпишување на Договорот за присоединување до крајот на оваа година.

Процесот на одобрување на членството на Хрватска се очекува да трае околу 18 месеци. Земјите членки ќе треба да го одобрат Договорот за присоединување, откако тој ќе биде потпишан. Договорот ќе треба да добие зелено светло и од Европскиот парламент, како и од хрватските граѓани кои треба да се изјаснат на референдум.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија