Објавено 09 јуни 2011, 08:32, во Регион
Share |
Print page

ЕУ денеска расправа за влез на Бугарија и Романија кон Шенген зоната

ЕУ денеска расправа за влез на Бугарија и Романија кон Шенген зонатаСоветот на Европската унија за правда и внатрешни работи ќе расправа денеска за подготвеноста на Бугарија и Романија за приклучување кон Шенген зоната, се наведува во програмата на седницата во Луксембург.

Според европратеникот Карлуш Коелјо, кој е известувач на Европскиот парламент за ова прашање, денеска Советот ќе го утврди датумот на кој ќе биде донесена конечната одлука. Според неговите информации тоа ќе биде до крајот на годината, во текот на летото или есента.

Процедурата на ЕП е завршена откако Парламентот вчера со големо мнозинство ја изгласа резолуцијата за поддршка на приклучувањето на двете земји кон Шенген зоната. Советот е орган од кој зависи конечната одлука, а таа треба да биде донесена со целосна едногласност.

Во мај работната група на Советот, задолжена за оценка на подготвеноста на двете земји едногласно одлучи дека двете земји ги исполнуваат сите технички критериуми. Исполнувањето на критериумите е единствениот услов за прием во шенгенскиот просторот според актуелното европско законодавство.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија