Објавено 03 јуни 2011, 14:02, во Регион
Share |
Print page

Орбан: Албанија во ЕУ по исполнувањето на критериумите

Орбан: Албанија во ЕУ по исполнувањето на критериумите Унгарскиот премиер Виктор Орбан кој е во официјална посета на Тирана, јасно стави до занење дека Албанија ќе се интегрира во ЕУ откако ќе ги исполни условите.

“Доколку Албанија или било која друга земја ги реализира реформите, може да биде дел од ЕУ побрзо од предвидувањата. Енергијата, работата за исполнување на критериумите и безусловното реализирање на обврските да се стане членка на ЕУ се најбитни. Колку повеќе енергија ќе има за оваа цел, толку побрзо ќе биде интеграцијата”, изјави Орбан, чија земја претседава со ЕУ.

На заедничката прес-конференција со неговиот домаќин, албанскиот премиер Сали Бериша, Орбан потенцирал дека во врска со спорните гласачки ливчиња треба да се следи американската практика, треба да се пребројат гласовите и потоа да се остави судот на даде своја одлука.

Од своја страна премиерот Бериша, изјавил дека независно од “политичката врева” во Албанија, правната држава функционира нормално. “Државните инситуции гарантираат спроведување на законот, изборите во Албанија во целина се спроведоа за кус временски рок и со многу јасни резулати. За Тирана објавувањето на официјалниот резултат претставува тест за домашните инстиуции”, изјави Бериша.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија