Објавено 02 јуни 2011, 16:09, во Регион
Share |
Print page

Акциите од грчки ОТЕ ќе одат во рацете на Дојче телеком

Акциите од грчки ОТЕ ќе одат во рацете на Дојче телекомГрција ќе му го продаде останатиот дел од своите акции во телекомуникациската компанија ОТЕ од 10% со активирање на претходно склучениот договор со германскиот Дојче телеком, изјави анонимен извор од грчкото Министерство за финансии.

Министерот за финансии на Грција, Јоргос Папаконстантину утрово одржа состанок на тема продажба на акциите во ОТЕ со претставници на германската компанија, која моментално поседува околу 30% од акциите на грчката групација.Продажбата на акциите е дел од планот за приватизирање на државната сопственост во обид за намалување на огромниот јавен долг на Грција од 350 милијарди евра.

Медиумите објавија дека согласно договорот со компанијата ОТЕ од 2008 година, Дојче телеком е обврзана да ги купи 10% акциите на грчката фирма по однапред определена цена која ќе биде 15% повисока од просечната вредност на акциите во изминатите 20 дена од тргувањето на Атинската берза.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија