Србија најголем економски партнер на Црна Гора

Србија, пет години по независноста на Црна Гора е најголем партнер на Црна Гора во увоз и извоз, покажуваат податоците на Стопанската комора на Србија.
Вкупната трговска размена на Србија и Црна Гора минатата година изнесувала 961 милиони долари што е за 4,3 % помалку во однос на истиот период од 2009 година. Извозот во Црна Гора изнесува 809 милиони долари и бележи намалување од 3,4% во однос на истиот период во 2009 година.Увозот од Црна Гора бил за 9.9% помал во однос на 2009 година и изнесувал 151 милиони долари.
Во првите четири месеци од оваа година, надворешнотрговската размена на двете земји е за 4,6% поголема отколку во истиот период лани и изнесува 304 милиони долари.