Објавено 19 мај 2011, 15:11, во Регион
Share |
Print page

Во Брисел бурна расправа за Хрватска

Во Брисел бурна расправа за ХрватскаХрватска постигна голем напредок  во пристапните преговори со Европската унија, но се уште има проблеми што треба да се решаваат, соопшти портпаролката на Европската комисија во Брисел, откако заврши првиот во низата состаноци по кои ќе биде познат точниот датум за завршување на преговорите на Хрватска за полноправно членство во Унијата.

Вчера еврокомесарот за проширување Штефан Филе ги информира претставниците на 27 земји членки за состојбата на хрватските пристапни преговори. Според информации на Дојче веле, на состанокот се водела бурна расправа која ќе продолжи во понеделник. Според пишувањето на хрватските медиуми, пет земји членки, главно скандинавски, изразиле мислење дека процесот на преговорите околу завршување на клучното поглавје за правосудството оди премногу брзо.

Се очекува во понеделник Филе да го предложи 1. јули 2013 година како датум за влез на Хрватска во ЕУ.
Хрватска за членство во Унијата аплицираше во 2003 година, а преговорите ги започна во 2005 година.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија