Објавено 20 мај 2011, 08:18, во Регион
Share |
Print page

Bosch сака да гради уште една фабрика во Романија

 Bosch сака да гради уште една фабрика во РоманијаГерманската компанија за производство на алатки, машини и опрема, Bosch, планира да отвори нова фабрика во Романија, преку гринфилд инвестиции и да го прошири производството на делови за машини во Блај, изјави Брижит Ебл, генералниот директор на подружницата на оваа компанија во Романија.

„Ќе испратиме потребна документација до Министерството за финансии, за најава на нашите намери за инвестирање во Романија, за изградба на нова фабрика и проширување на фабриката Bosch Rextroth во Блај.“ истакна Ебл.

Оваа година Bosch Romania очекува зголемување на прометот за 7%, достигнувајќи вкупен износ од 172 милиони евра. Минатата година, оваа компанија оствари промет од 161 милиони евра, што е 17% повеќе од прометот остварен во 2009 година. Исто така, оваа компанија планира да вработи 300 луѓе во фабриката Rextroth и нејзиниот центар за комуникациуи во Темишвар.

Компанијата со седиште во Романија има 1200 вработени.60% од прометот остварен во Романија, се должи на производството на автомобилски делови и компоненти, наменети за производителите на автомобили. „27% од профитот се должи на производството на потрошувачки добра, а 13% на индустриската опрема“- вели Ебл.

Bosch Group беше отворена во Романија во 1994 година и се состои од пет компании: Robert Bosch SRL- за дистрибуција на опрема и резервни делови, BSH Electrocasnice-за извоз и дистрибуција на куќна опрема, Bosch Rextroth - за производство на делови за електрични апарати, Bosch Rextroth од Блај – за производство на алатки, Bosch Communication Center од Темишвар.Robert Bosch GmbH е компанија за технологија која беше основана во Штутгард, Германија во 1886 година. Bosch Group се состои од повеќе од 320 филијали.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија