Следува нов тендер за Меркатор?

По одбивањето на понудата на Агрокор за купување на 23,34% од акциите на Меркатор во сопствеништво на Пивоварна Лашко отворен е простор за нов стратешки партнер.Словенечкиот весник Дело наведува дека официјално сеуште не е познато кои акционери на словенечкиот трговски гигант ќе потпишат договор според кој на нов меѓународен тендер би се понудиле 60% од акциите на Меркатор, но отворена е вратата меѓу нив да се најде и Уникредит Словенија која има 8% од акциите.“Ситуацијата мораме да ја проучиме во поглед на пазарот, приописите и постигнување на најдобри резултати за банката“, соопштија од Уникредит Словенија.