Објавено 05 мај 2011, 09:45, во Регион
Share |
Print page

Телеком Србија останува државен

Телеком Србија останува државенСрпската влада, доколку надлежните одбори се подготват, уште денес ќе може да се изјасни за понудата од 1,1 милијарди евра за 51% од акциите на Телеком Србија со кои Австријците сакаат да го купат Телеком Србија. Работната група за продажба на Телеком Србија и препорача на српската Влада да не ја прифати последната понуда на Телеком Австрија од 1,1 милијарда евра за купување на 51% од акциите.

Србите стојат на ставот дека секоја понуда под 1,4 милијарди евра не е задоволителна! Австријците со вчерашната понуда значително ја зголемија претходната понуда од крајот на март, во која нудеа од 800 до 950 милиони евра за истиот пакет.Процедурата за продажба на Телеком Србија од самиот почеток ја следат бројни котроверзии, од продолжување на рокот за подобрување на понудата на единствениот понудувач, но и критики на стручната јавност дека не е време и нема адекватна цена за продажба на најпрофитабилното државно претпријатие.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија