Извозот на Црна Гора зголемен за 99%

Црна Гора во периодот од јануари до крајот на март оваа година извезла стока во вредност подолема од 111 милиони евра, што е за 99% повеќе отколку во истиот период во 2010 година.Надворешно-трговската размена на Црна Гора во овој период е поголема за 26% отколку во истиот период минатата година, соопшти Републичкиот завод за статистика Монстат.Во овој период надворешно-трговската размена изнесувала повеќе од 461 милиони евра, а во периодот од јануари до март увезена е стока во вредност од 349 милиони евра, што е зголемување од 12,5% во однос на минатата година.Црна Гора остварила најголема надворешно-трговска размена со Грција, следуваат Србија и Италија. Црна Гора увезла најмногу стока од Србија, Босна и Херцеговина и Грција.