Австријците за Телеком Србија, Германците за Вип

Телеком Австрија во преговорите за купување на Телеком Србија се обидува да издејствува ново, покомплицирано решение.Телеком Австрија е подготвен да и плати на Србија за 31% од акциите, а 20% од акциите на ОТЕ да ги даде на Вип.
Според неофицијални информации на српскиот весник Блиц, идејата е Телеком Австрија да купи од српската влада 31% од акциите, додека за 20% од акциите кои ги поседува ОТЕ би била направена размена - Дојче телеком (сопственик на ОТЕ) би ги препиштил акциите на австрискиот оператор, но за замена би ги земал од Вип.
Ова е вин-вин комбинација, добитна за сите. Државата за своите 31% би ги добила бараните 840 милиони евра, Телеком Австрија би преземал 51% , а Дојче телеком конечно би влегол на српскиот пазар преку Вип.