Објавено 20 април 2011, 11:22, во Регион
Share |
Print page

Партијата на пензионерите ја напушта Владата на Борут Пахор

Партијата на пензионерите ја напушта Владата на Борут ПахорДемократската партија на пензионерите на Словенија (ДеСУС) соопшти дека ќе ја напушти Владата поради контроверзната реформа на пензискиот систем. Претседателот на ДеСУС, Карл Ерјавец изјави дека министрите од неговата партија ќе се повлечат од владата на Борут Пахор, со што оваа влада ќе остане без апсолутно мнозинство во парламентот. Конечната одлука за излегување од владејачката коалиција составена од четири партии, ДеСУС ќе ја донесе на 5. мај, но според Ерјавец, тоа е само формалност, затоа што вчера на седницата на извршниот одбор сите членови гласаа за напуштање на владата.

“Ние не можеме да продолжиме да работиме во една коалиција во која честноста е запоставена“, рече Карл Ерјавец по заседанието на извршниот совет.

Без оваа партија, владејачкото мнозинство ќе располага со само 42 од вкупно 90 места во парламентот. Напуштањето на партијата од коалицијата доаѓа во неповолен момент за премиерот Борут Пахор, неколку недели пред решавачкиот референдум за реформата на пензискиот систем, што ја бараат ММФ и Европската комисија, со цел да се стабилизираат јавните финансии.

Синдикатите повикаа граѓаните да му кажат “не“ на референдумот. Главната опозициска партија, Словенечката демократска партија, исто така повика на предвремени избори, што според неа ќе бидат најефикасната антикризна мерка со која располага земјата.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија