Објавено 18 април 2011, 15:15, во Регион
Share |
Print page

Грција ќе гради автопатишта за 8,7 милијарди евра

Грција ќе гради автопатишта за 8,7 милијарди евраВладата на владејачката партија во Грција, ПАСОК, најави пет концесии за поправка и изградба на патишта. Вкупната цена на проектот изнесува 8,7 милијарди евра и ќе се имплементира врз основа на јавно-приватните партнерства.

“Се работи за изградба на нови делници со должина од 720 километри и обновување на дополнителни 530 километри од постоечките автопатишта“, изјави министерот за транспорт и инфраструктура, Димитрис Репас, претставувајќи го проектот. На овој проект зелено светло му даде и министерот за финансии, Јоргос Папаконстинтиноу.

Во концесиите ќе бидат вклучени државата, шест грчки и шест странски инвеститори и 43 банки. Проектот ќе го изведуваат шест грчки градежни компании и четири странски фирми. Од финансиските институции што ќе бидат вклучени, 11 се локални, а 32 странски. Државата ќе учествува со 26,5% од вредноста на проектите, што е 2,3 милијарди евра, а 26,5% ќе се обезбедат од приходите од патарините што ќе се собираат само за финансирање на проектот во подоцнежната фаза.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија