Двојно повеќе директни странски инвестиции во Романија

Директните странски инвестиции во Романија се зголемија повеќе од двојно во првите два месеци од оваа година, достигнувајќи 294 милиони евра во споредба со 140 милиони евра во истиот период од минатата година, соопшти Романската национална банка (БНР).
Од вкупната сума на директните странски инвестиции што влегле во земјата, 267 милиони евра беа кредити во рамките на групациите, а 27 милиони евра беа капитални инвестиции консолидирани со проценката за нето загуба.
Директните странски инвестиции целосно го финансираа дефицитот на тековната сметка во првите два месеци, во износ од 44 милиони евра.Минатата година, вкупниот износ на директни странски инвестиции беше 2,5 милијарди евра, што е за 25,5% помалку во споредба со 2009 година, кога достигнаа 3,4 милијарди евра.