Во БиХ има над половина милион невработени

Во Босна и Херцеговина на крајот на февруари биле регистрирани 527.749 невработени, а нивниот број во споредба со претходниот месец е зголемен за 1.048 лица или за 0,20%.
Во февруари,за прв пат како невработени во земјата се регистрирале 12.443 лица. Меѓу невработените најмногу има неквалификувани работници - околу 161.000 лица или 30,6%.
Меѓу лицата кои бараат работа 263.477 лица се жени или 49,92%.Според важечките законски одредби, парични надоместоци за невработеност во февруари во БиХ побарале 11.690 лица или само 2,2% од вкупниот број на невработени во земјата.