Австријците за Телеком Србија ќе размислуваат до 3. мај

Владата на Србија му го продолжи рокот на Телеком Австрија да ја подобри понудата за купување на мнозинскиот пакет на Телеком Србија до 3. мај.
Телеком Австрија соопшти дека причина за продолжување на рокот е потребата да се достават дополнителни информации.На Телеком Австрија денес му истече првобитниот рок од 15 дена да ја подобри понудата за купување на 51% од Телеком Србија.