Штрајкуваат новинарите во Грција

Новинарите во Грција денеска почнуваат четиридневен штрајк во знак на протест против мерките за штедење, јавуваат грчките медиуми.Штрајкот ќе доведе до целосно информатичко затемнување. Во штрајкот ќе учествуваат вработените во весниците, списанијата, радио-телевизиските канали, информативни сајтови и новински агенции.Протестите ќе траат до понеделник изутрина.Вработените во медиумите бараат склучување на задоволителни колективни договори, гарантирање на нивните институционални придобивки и работни места и прекин на скратувањата и намалување на нивните плати.