Објавено 01 април 2011, 14:53, во Регион
Share |
Print page

Србија може да се соочи со тужба поради новиот рок за Телекомот?!

Србија може да се соочи со тужба поради новиот рок за Телекомот?!Српската Влада ги прекрши правилата на тендерот за купување на Телеком Србија со тоа што на Австријците им даде дополнителен рок за поправање на понудата, предупредуваат експертите. Тие наведуваат дека постои и опасност од тужба од останатите компании кои ја откупија документацијата но не доставија понуди за купување на 51% од акциите на српската телекомуникациска компанија.Консултантот за странски инвестиции, Милан Ковачевиќ предупредува дека опасноста од тужба е реална, особено ако владата одлучи да го продаде Телеком Србија на Австријците за помалку од бараните 1,4 милијарди евра.„Во тој случај, било која компанија која ја откупила тендерската документација (Дојче телеком, Франс телеком, Ведер инвестментс и Америка мовил) може со право да каже дека и таа би доставила понуда да знаела дека може да понуди и помалку од бараниот износ на тендерот„, објасни Ковачевиќ и истакна дека тендерот би требало да се прогласи за неуспешен на самиот почеток.Со тврдењата на Ковачевиќ се сложува и поранешната министерка за телекомуникации Александра Смиљаниќ. Таа наведува дека владата немала право да даде рок од 15 дена на Телеком Австрија за да ја подобри својата финансиска понуда.„Нивната понуда е лоша, несериозна и покажува дека оваа компанија не би била добар сопственик.„, изјави Смиљаниќ. Таа истакна дека тендерот мора да биде транспарентен и прецизно дефиниран, а сегашните случувања делуваат како однапред да е утврдено на кој ќе биде продаден Телеком Србија.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија